Врзале старица и брутално ја тепале до смрт: Уапсени тројца разбојници

Припадниците на МВР од Среднобосанскиот кантон уапсија три лица под сомнение дека се поврзани со смртта на Алмаса Лишчиќ, 70-годишна жена чие безживотно тело е пронајдено во понеделникот во семејната куќа во Горња Махала во Горњи Вакуф.

Оваа информација е потврдена од МВР од каде изјавија дека трагите кои се пронајдени на самото место на настанот укажуваат дека старицата, најверојатно била жртва на разбојници.

Меѓутоа, дали уапсените мажи всушност се разбојниците кои ја убиле старицата се уште со сигурност не може да се каже.

Телото е пронајдено вчера околу 12.30 часот во Градска улица, во куќата во која старицата живеела сама. Таа е пронајдена со врзани раце.

Дежурниот обвинител кој раководи со увидот, закажа обдукција за да се утврди точно како умрела старицата.

Истрагата за случајот е во тек.

 

 

 

15.03.2017 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега