Чешката Влада си поднесе оставка

Владата на Чешка, предводена од економистот Јиржи Руснок денеска поднесе оставка, откако минатата недела Парламентот не и изгласа доверба. Премиерот оставката му ја достави на претседателот Милош Земан, а Владата ќе остане на должност како преодна можеби уште околу два месеци, додека не се постигне договор за предвремени избори.

Против Владата се изјаснија 100 пратеници, додека поддршката и ја дадоа 93 пратеници. Според важечкото законодавство, Парламентот за да изгласа доверба потребно е  „за“ да гласатат повеќе од половината од присутните пратеници.

Согласно Уставот претседателот има право да даде втор предлог за мандатар, кој ќе состави влада. Уставот предвидува и трет обид, во кој премиерот го предлага претседателот на Парламентот.

Политичката ситуација во Чешка се влоши по оставката на поранешниот премиер Петр Нечас на 17 јуни поради наводна злоупотреба на воените тајни служби и корупциска афера од страна на негови блиски соработници и сопартијци.

 

14:46

најчитано сега