Голем инцидент на дербито во Хрватска: Навивач со палка влета во терен да се пресмета со судијата (ВИДЕО)

Инцидент се случи вчера на дрби натпреварот во првенството на Хрватска меѓу Хајдук и Ријека, кога навивач влета маскиран во теренот и почна да го брка судијата.

Резултатот на натпреварот на крајот беше 1:1, откако Хајдук поведе во  31 минута со голот на Безјак, а Ријека за која играат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута, израмни со голот од пенал на Роман Безјак во 81 минута.

navivac hajduk teren 2

 

И покрај ова реми Ријека останува на врвот со 4 бода предност пред актуелниот шампион Динамо Загреб. Инаку оваа сезона Ријека има шанса прв пат во својата историја да ја освои титулата во хрватскиот шампионат.

Погледнете го моментот кој предизвика делириум на трибините на Пољуд во Сплит:

 

 

 

12.03.2017 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега