Потресна исповед на таткото на Филип: Се надевам дека мајката на Ксенија некогаш ќе му прости на мојот син

Наредната недела ќе се одбележат седум години од големата трагедија кога Филип Каписода ја уби Ксенија Пајчин, а потоа изврши смаоубиство, а болката за двете семејства не стивнува. Таткотот на Филип, Мирко вели дека неговата евентуална средба со мајката на Ксенија Љубица ќе биде судски преодредена и дека тој никогаш не би направил или да каже било што би можело да ја навреди. 

- Ужасна трагедија прживеавме јас и Љубица веќе седум години патат две семејства. Никогаш не би дозволил некоја моја изјава или постапка да ја навредат. Самиот факт дека на неа некој мој и нанел болка е непријатно, па нема место за додатни приказни и коментари, зијавил Мирко Каписода за српски Телеграф и додава дека се надева дека еднаш ќе се сретнат со мајката на покојната пејачка. 

- Нашата средба ќе биде судбински преодредена и не треба да се потенцира токму поради болката која ја носиме. Се надевам дека Љубица еден ден ќе му прости на мојот син, рекол Каписода и напоменал дека болката поради губитокот на синот не се менува ни по седум години. 

- Често го сонувам ФИлип, поготово кога треба да донесам важна одлука. Чуствувам како и понатаму да е тука. Мојата сопруга работи во здраството, често разговара со психолог и тој и помага, со мене работите се поинакви, јас неговата смрт ја потиснувам во себе, па најтежко го прежиувавм болниот факт дека Филип повеќе го нема, заклучил таткото на Филип.

 

 

 

 

11.03.2017 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега