Пожар утрово беснееше во Скопје - гореше стан спроти „Скопје Сити Мол"

Пожар избувна утрово во стан на булеварот Партизански Одреди. Командирот на противпожарната бригада на град Скопје, Ѕвонко Томевски, за Телеграф.мк изјави дека утринава горел стан на 9 кат во зграда на „Партизанска“, спроти трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Брзата интервенција спречија да се рашири пожарот и да се случи трагедија. Причина за пожарот била неисправна електрична инсталација.

Во исто време, пожарникарите интервенирале во пожар во стан на улица „Крсте Арсенов“ во Чаир. И таму брзата интервенција на пожарникарите спречила голема штета. Во пожарот нема повредени, а причината за пожарот не е позната.

 

 

 

 

24.02.2017 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега