Овој тинејџер за давел другарката и 30 минути ја гледал како умира

Лијам Мекатасни признал дека ја задавил 19-годишната другарка од детството, Сара Стерн, чие семејство неколку месеци пред тоа ја бараше во Њу Џерси.

Признанието тајно го снимил неговиот пријател додека воделе разговор. Според неговите зборови, Лијам раскажал дека девојката толку силно ја стегал околу вратот што ја подигнал од земјата, а потоа почнал да ја набљудува колку време и треба за да умре.

Foto: Tanjug/AP

Заедно со соучесникот Престон Тејлор, чекал да помине околу половина час, колку што девојката во најтешки маки се борела за живот, и кога конечно умрела, нејзиното тело го фрлиле од мостот во река, по што неколку часа се скривале во блиските грмушки.

Foto: Tanjug/AP

Телото на Сара Стерн инаку никогаш не е пронајдено, а истрагата утврдила дека Лијам ова злосторство однапред детално го испланирал.

Лијам Мекатасни покрај убиството е обвинет и за кражба на неколку стотици долари од Сара Стерн, пишува Индипендент.

 

 

 

16.02.2017 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега