Тајфун носеше се пред себе на Филипините - 23 лица се исчезнати
Денеска силниот тајфун Утор го погоди северниот дел на Филипините. Тајфунот урна електрични столбови, а поради поројниот дожд, најмалу 23 рибари се водат како исчезнати.
Утор, кој е најсилениот тајфун оваа година во светот, го погоди брегот на планинската источна провиција Аурора со брзина на ветрот меѓу 175 и 210 километри на час.
Ветрот корнел покриви, додека покриениот кошаркарски терен во местото Диналунган е избришан од земјата.
Засега нема извештаи за жртви, но 23 рибари кои биле на отворено море не се вратиле во своите домови во четири места во провинцијата Катандуанес.
- Постои надеж дека се засолниле во некој залив или на некој околен остров, изјави регионалниот директор за цивилна одбрана Бернардо Алехандро.
Според прогнозите Утор денеска треба да мине преку главниот северен филипински осров Лусон, а утре треба да стигне во Јужното Кинеско Море во правец на Гуангдонг во Кина.