Иванов: Ќе постапувам согласно Уставот и во интерес на државата и граѓаните

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски.

На средбата Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија

 
 
31.01.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега