Мерки за безбеден сообраќај во Крива Паланка

 Советот на општина Крива Паланка усвои основен сообраќаен проект за проектирање физички мерки за регулирање на сообраќајот во зоните на училишните и предучилишни објекти во опшината.

Границата на опфатот на проектот за физички мерки за смирување на сообраќајот е во реонот на основните училишта „Јоаким Крчовски“, пред централниот објект и објектот „Партизан“ на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“, зоната на ООУ „Илинден“, објект на улица „Илинденска“ и подрачно училиште во село Конопница, како и пред објектите на јавна установа детска градинка „Детелинка“ на главната сообраќајница во градот и средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ на улица „8 Октомври“.

Составен дел на одлуката е и согласноста издадена од Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово на 29 април 2015 година. Реализацијата на основниот проект се извршува по обезбедување финансиски средства од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

 
 
11.01.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега