ССМ: Четирите „наводни“ синдикалисти имаат за цел преземање и уништување на ССМ

Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, АГРО Синдикатот и СУТКОЗ, кои на седница на Советот на ССМ одржана на 28.12.2016 год. беа едногласно исклучени од ССМ, не избираат средства како да се пресметаат со нивите довчерашни колеги, а воедно да направат и преземање на Синдикатот, мотивирано од нивни лични цели, се вели во соопштението на ССМ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Дека не се избираат средства и методи за остварување на оваа цел говори и тоа што во претходните денови пуштаат во јавноста неточни информации, фабрикувани и конструирани изјави, лажни обвинувања и полувистини кои имаат за цел да создадат погрешна слика за тоа што се случува во ССМ, а со цел манипулирање со јавноста.

Некои од тие информации беше лажното информирање дека наводно губење на спор на претседателот на СРСВМ и секретар на ССМ, што не е воопшто точно, како и тоа дека секретарот на ССМ бил разрешен, а него го избра едногласно Советот на ССМ согласно Статутот и нема друга одлука за разрешување.

Сето ова кулминира со наводни физички пресметки помеѓу претседателот на ССМ и некои претставник од веќе исклучените гранки синдикати што претставува невистина и манипулација со јавноста.

Се прашуваме на што се сè спремни овие „наводни“ синдикалисти во нивните (или туѓи) намери за преземање и уништување на ССМ.

Со оглед на тоа што тие повеќе не се дел од нашата синдикална заедница – ССМ во иднина нема намера повеќе да се занимава со нив и нивните лаги и интриги, а им порачуваме да се зафат со работа во поглед на заштита на работниците кои ги претставуваат, а кои и онака во последниве месеци драстично им заминуваат како нивни членови.

 
 
11.01.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега