Куманово и денеска убедливо најзагадениот град - карциномите во пораст

Куманово останува убедливо најзагаден град во државата, а власта на СДСМ не презема буквално ништо веќе 27 години.

Денес загадувањето со канцерогените честички во 13 часот во Куманово изнесува 95 mg / m3, што е речиси 100 проценти повеќе од максимално дозволеното загадување.

Истовремено веќе со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања како последица на енормното загадување.

Карциномот кој тивко ги убива кумановци, а НВО платениците на СДСМ и Сорос не сакаат да преземат ништо во врска со заштитата на здравјето на жителите на Куманово.

Градоначалникот Зоран Дамјановски Циц, неговиот шеф Зоран Заев и поранешниот секретар на општина Куманово Оливер Спасовски со денови се без коментар за лагата наречена „гасификација на Куманово“.

Еколошката катастрофа на Куманово продолжува како најзагаден град во државата.

 
 
10.01.2017 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега