„Предавство“ го затвора 16. Скопски филмски фестивал
Со рускиот филм „Предавство“ на режисерот Кирил Сребреников вечер во кино „Милениум“ ќе биде затворен 16. Скопски филмски фестивал.
- „Предавство“ е темна приказна за љубовта, страста и најмногу од се за прељубата, со импресивната игра на германската ѕвезда Франциска Петри и македонскиот актер Дејан Лилиќ. За време на рутинскиот кардиолошки тест еден човек (Лилиќ) е случајно информиран од докторката (Петри) дека нејзиниот сопруг ја изневерува со неговата сопруга. Изневерените сопруг и сопруга неминовно се подготвени да станат партнери во сопствениот криминал, животот црта полн круг и предадените самите стануваат предавници..., соопшти организаторот на фестивалот.