Средба на Заев со амбасадорот Бејли

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

Како што соопшти СДСМ, Заев истакнал дека мнозинството граѓани во Македонија избрале промени на парламентарните избори и нивната волја мора да биде почитувана.

Според лидерот на СДСМ, Република Македонија ќе добие влада којашто ќе работи во интерес на сите граѓани на Македонија, и воедно нагласил дека институциите се должни да работат во служба на граѓаните.

- Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа што граѓаните не подлегнаа на манипулациите и провокациите изминатите денови е уште една потврда дека општеството е зрело за промени. Деновите што престојат ќе покажат дека започнатите демократски процеси во Македонија веќе никој не може да ги спречи, рекол меѓу другото Заев на средбата со американскиот амбасадор Бејли. 

 
 
19.12.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега