Скопје утрово еден од „потоплите" градови - еве каде е смрзнувачка

И ова утро студот не попушта во Македонија. Најниска утринска температура е измерена во Лазарополе и тоа -3 степени Целзиусови, како и во Маврово, -2 Охрид, Крушево, Ѓуриште, -1 Дебар, Претор, Берово, 0 Тополчани, Пожаране, Крива Паланка, Битола, Куманово, 1 Прилеп, 2 Виница, Тетово, 3 Скопје Петровец, 4 Штип, Скопје, 5 Демир Капија, Струмица, 6 Дојран, 8 Гевгелија.

Времето утринава е променливо облачно, а на северот со повеќе сонце. Дува повремено засилен северен ветер особено вдолж Повардарието, но и во Струмиќко и во делови од Пелагонија. Во Кр. Паланка има појава на слаб снег кој несе задржува на тлото, а во Маврово од вчерашните врнежи од снег денес има снежна покривка од 1 см.

 

 

 
 
13.12.2016 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега