Груевски: Исправете се гордо, главата горе и не заборавајте – Ова е ваша земја!

Исправете се гордо. Станете храбро и достоинствено мои браќа и сестри. Исправете се Македонци и граѓани на Македонија. Бидете горди на себе и сопствената држава, им порача на сите граѓани од вечерашниот завршен митинг во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Никола Груевски.

-Главата горе. Ова е твоја земја. Ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме твојата. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте – Ова е ваша земја, рече Груевски.

 
 
09.12.2016 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега