Сопругот на исчезнатата Французинка: Боледува од рак - стравувам да не се самоубила

Две недели Кичево е на нозе и трага по исчезнатата Французинка Валери која се изгубила откако имала жестока расправија со својот син.

- „На 25 јули синот и мојата сопруга имаа недоразбирање поради мачката. Го натепа. Бев нервозен и ја прашав зошто му вика за ништо. Видов дека ја нема во собата кога отидов да спијам, колу 22:30. Излегов во градот да ја најдам, но ја немаше. На 26 јули пријавив во полиција, бидејќи таа никогаш досега не спиела надвор од дома. Секоја година доаѓа тука, добро го знае Кичево, го знае Охрид, знае други  места во Македонија, Струга, Маврово, Скопје. Зборува албански јазик, зборува англиски и француски“, вели сопругот на  исчезнатата Валери, Илир Незироски, во изјава за Канал 5.

„Не сакам да верувам, но можно е да извршила самоубиство. Или некој ја киднапирал. Се надевам и се молам да ја најдам. Тешко е бидејќи не знам што и се случило и сакам да ја најдам што поскоро“вели тој.

Инаку, Валери и сопругот се во брак цели 20 години.

 

12:13

најчитано сега