Груевски најави низа проекти во Крива Паланка

Кантонизација на државата тој само уште еднаш докажува дека сака да ја дестабилизира државата и тоа што никој не го постигнал да го добие со војна тој сака да го добие се со цел само да дојде на власт. Деновиве ДУИ и ДПА излегоа со нивен предлог за кандидат за премиер доколку не се постигне нашата цел од 63 пратеници, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

-Во иднина ќе се зголеми вработеноста на 70.000 ново отворени работни места, предвидуваме бесплатна ласерска корекција за сите млади кои имаат нарушен вид од 18 до 26 години, а се од социјално загрозени семејства, ќе инвестираме оние кои што сакаат да вградат плински уреди во своите автомобили, ќе инвестираме во оние домаќинства кои сакаат да се греат на пелети и планираме отворање на две детски градинки да се отворат во Крива Паланка.

Тој исто така потенцираше дека во Крива Паланка ќе набават нова медицинска опрема, ќе реконструираат училишта и ќе изградат нови спортски игралишта.

-Сите овие предвидувања ни се можни само доколку не му дозволиме на Заев кантонизација на државата, двојазичност како и менување на уставот, а сето тоа ни е потребно само доколку ја имаме вашата поддршка на 11 декември на најмасовните избори досега, на историската победа на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
03.12.2016 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега