Тодоров: Стипендии за студенти од семејства со примања под просечните

 

Носителот на листата во Втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Никола Тодоров, денеска најави проект со кој ќе се овозможат стипендии за магистерски и докторски студии за студентите коишто завршиле со просек 8,5 или над 8,5, а коишто се од семејства што имаат примања под просечните.

- Бодувањето за критериумите како ќе се избираат овие студенти на кои што ќе им се даде стипендијата во најголема мера ќе зависат од нивната материјална положба, но и од видот на студиите. Техничките науки и  медицинските науки ќе бидат привилегирани и ќе носат одреден број на бодови, а 60 бода ќе носи материјалната положба на студентите, рече Тодоров.

Посочи дека докторските студии понекогаш чинат и до 5.000 евра, а магистерските студии исто така одредена сума којашто не можат да си ја дозволат некои од студентите. 

 
 
03.12.2016 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа