Мистериозна загатка која збуни многумина
На интернет се шири нова загатка, која збуни многумина возрасни, но за разлика од нив, поголемиот број деца многу брзо ја решаваат мистеријата.
Станува збор за прашање „во која насока се движи автобусот на фотографијата“?
Авторите на загатката порачуваат дека ако сакате да ја решите ќе мора да почнете да размислувате како дете, затоа што 80 отсто од возрасните не успеала да одгатнат во која насока оди автобусот, додека децата ја решавале дилемата за многу кус временски рок.
Размислете малку!
Едноставно е. Ја гледате ли вратата на автобусот? Не. Затоа што е од другата страна, односно од десната страна, како и на секој автобус кај нас. Возиме на десна стана, значи автобусот се наоѓа на десната страна на патот.
Ако вратата е од другата страна, каде е возачот? Во левиот дел на автобусот, напред и од спротивната страна на вратата и се доаѓа до заклучок дека автобусот оди кон лево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа