Новинар на Гардијан поседува 20.000 тајни документи од Сноуден

 

Американскиот новинар Глен Гријноулд, дописник на британски Гардијан, синоќа изјави дека поседува околу 20.000 тајни документи од поранешниот консултант на американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден.

Гријноулд изјавил дека програмата на американското разузнавање за глобално следење на електронските комуникации не била само за откривање и следење терористи, туку и за економска и индустриска шпионажа.

– Со сигурност ќе има нови откритија за шпионажа на Владата на САД и сојуниците кои упаднале и во комуникациските системи на Бразил и Латинска Америка, нагласи синоќа новинарот.

09:37

најчитано сега