Запленети 20 килограми марихуана во Србија
Српската полиција во Ниш откри засади со канабис и лабораторија за негова преработка. Запленети се 1,8 килограми сува и 17,7 килограми сирова марихуана.
При полициската акција се уапсени три лица на возраст од 28,27 и 21 година на кои им е одредена мерка 48-часовен притвор под обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги.
ФОТО: Алфа.мк
14:22