ФОТО: Тројца познати скопски криминалци конечно зад решетки

Три лица, познати на полицијата, кои се бараа со распишани потерници за издржување на затворски казни за различни тешки кривични дела, од загрозување на безбедноста, па се до спречување на избори и гласање, беа приведени од припадниците на мобилната единица „Алфа“, информираат денеска од МВР.

Во Скопје, на ул.„Ќемал Сејфула“ пронајден е и приведен Јетон Р. (26) кој е баран по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор во траење од вкупно тринаесет години и шест месеци. Пресудите му се изрекувани за повеќе кривични дела како: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства и други психотропни супстанци, даночно затајување, загрозување на безбедноста, употреба на исправа со невистинита содржина, измами и прикривања.

Во вториот случај, на место викано „Љубински пат“ лоциран и  приведен е Исмет А.(41) од с.Сарај, Скопје, баран по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година за фасификување на пари и за извршени повеќе тешки кражби.

Во третиот случај, од страна на „алфите“ на ул.„Антон Попов“, пронајден е и приведен Али А.(35) од с.Грушино, Скопје, баран по наредба на Основен суд Скопје 1 – Скопје за издршување казна затвор во траење од шест месеци за спречување на избори и гласање, недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

 

најчитано сега