Панче Тошковски на средбата со родителите од Кочани: И моите деца плачеа - правда ќе има

 

Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски  заврши денешниот  марш на семејстватана настраданите во дискотеката „Пулс“ во Скопје,

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“ посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент. Министерот, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник, откако претходно семејствата на настраданите повикуваа на одговорност и неселективна правда.

Пред почетокот на средбата, Тошковски упати извинување кон семејствата на настраданите за тоа што досега не ги примил на средба, но, како што рече, со дел од родителите веќе има разговарано.

Со средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски  заврши денешниот  марш на семејстватана настраданите во дискотеката „Пулс“ во Скопје,

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази уверување дека правда за овој случај мора да има „ако сакаме да имаме нормална држава“ посочувајќи дека во интерес на истрагата не може да изнесе повеќе детали во овој момент.

„И моите деца плачеа“, кажа министерот за внатрешни работи на средбата со родителите на загинатите деца во дискотеката. 

Министерот, меѓу другото, посочи дека за случајот досега осомничен е и актуелен министер, актуелен директор на ДЗС и актуелен градоначалник, откако претходно семејствата на настраданите повикуваа на одговорност и неселективна правда.

Пред почетокот на средбата, Тошковски упати извинување кон семејствата на настраданите за тоа што досега не ги примил на средба, но, како што рече, со дел од родителите веќе има разговарано.

29.04.2025 - 17:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега