Протестите кај „Бристол“ имаат политичка заднина

Познат активист на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на почетокот на месец јуни ја бранеше општина Центар од внатрешната страна, за време на протестите против стопирањето на изградбата на црквата Свети Константин и Елена, а деновиве се претставува како член на граѓанската асоцијација „Авангард“, пишува Курир.

-Имено, Ненад Матевски, кој на 6-ти јуни на снимките може да се забележи во првите редови во општина Центар при протестот на верниците, деновиве најпрво за Нова ТВ, а синоќа и во дневникот на Телма беше претставен како член на Граѓанската иницијатива „Авангард“, која протестира кај хотелот „Бристол“ против изградата на новата зграда на СРД, објавува Курир.

Според информациите на порталот Курир, Матевски, кој се претставува како член на Граѓанската иницијатива е нововработен во општина Центар без конкурс, преку Агенција за привремени вработувања. Матевски бил вработен во општина Центар и за време на протестите на 6-ти јуни, каде може да се забележи со беџ на себе на снимката од А1он во внатрешноста од општината. Курир побара и потврда од општина Центар дали Матевски е вработен во општината, но засега не добивме ниту потврда, ниту демант.

Сето ова, пишува Курир, ги потврдува сомневањата на јавноста и аналитичарите дека протестите кај Бристол се исполитизирани, односно претставуваат проѕирен обид за политичка, па дури и партиска инструментализација на граѓаните врз основа на еколошки проблеми.

-Гледајќи кои луѓе се неформални организатори на протестите (познати функционери, членови или симпатизери на СДСМ, ЛДП и други партии), несомнена е политичката заднина, односно проѕирноста на обидот за политичка, па дури и партиска инструментализација на граѓаните врз основа на еколошки проблеми, смета професорот Тони Науновски, пренесува Курир.

ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со став дека граѓаните треба да знаат дека оние луѓе кои се собраа кај Бристол се 90% членови и активисти на Бранко Црвенковски и негови послушници.

06.08.2013 - 12:40

најчитано сега