Ужас: Натерала тригодишно девојче да испие средство за чистење тоалет

Десетгодишно девојче од Кина натерало тригодишно девојче да пие средство за чистење тоалет. Девојчето најпрво го натепало малото детенце, а потоа го однело во тоалет, каде го натерало да испие средство за чистење.

- Кога ја видов снимката се згрозив и стаписав. Се почуствував толку тажно. Помислив што се можело да му се случи на моето дете. Мислев дека таму е безбедна и дека наставниците се грижат за неа, вели таткото на девојчето.

Инаку, малото девојче имало среќа што средствата за чистење биле разредени, па така имало мало количество киселина, поради што со брзата интервенција на лекарите, девојчето е живо и здраво.

09:56

најчитано сега