Неколку облачиња и ветре ќе се обидат да не оладат

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе изнесува меѓу 11 и 22 степени, а дневната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти на 19, а дневната ќе се искачи до 37 степени.