Продолжуваат протестите во Турција
Судири избија меѓу турската полиција и антивладините демонстранти пред затворот во истанбулското предградие Силиври.
Армијата не дозволува луѓе и автобуси да се приближат на три километри од затворот, пренесуваат турските медиуми.
Група демонстранти се обиделе да ги пробијат полицискиот кордон и да се приближат до затворот. Војниците ги нападнале демонстрантите со пластични бомби, со цел да ги одбијат од намерата, по што избувнале судири. Засега нема информации за повредени.