Пандов: СЈО ја започна кампањата на СДСМ

 

Специјалното јавно обвинителство официјално ја започна предизборната кампања на СДСМ, вака аналитичарот Александар Пандов ги толкува интензивните активности на Катица Јанева и нејзините обвинители.

„Во неделата со големиот собир во Борис Трајковски започнаа предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ. Може слободно да се констатира дека предизборната кампања на СДСМ започна изминатите денови со активностите на СЈО. Во неможност да се натпреваруваат со идеи и проекти, очекувано Заев и неговите соработници со помош на Катица Јанева започнуваат црна кампања додека партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ е на терен меѓу граѓаните“, вели Пандов во политичкиот магазин Пулт на Радио Слободна Македонија.

Серијата вработувања на активисти на СДСМ и блиски роднини на самите специјални обвинители,за Пандов се уште еден доказ за поврзаноста на оваа институција со опозициската партија. Очекува антикорупциската комисија да провери дали е законски Јанева да го вработи својот внук од сестра, и дали е партиска одлуката з авработување на кадри како Боки Бургија или активистите на шарената револуција и децата на кандидати за пратеници од СДСМ.

„Видовме слики од Боки Бургија со торти на СДСМ, поголем поддржувач Заев и СДСМ немаат, и тој е независен експерт на Катица Јанева? Дополнително таа си ги вработува и своите најблиски роднини како нејзиниот внук од сестра“, вели Пандов. СЈО со денови не одговара за вработувањата на свои роднини и активисти на СДСМ. Институцијата предводена од Јанева избегна и да го презентира финансискиот извештај пред пратениците.

 
 
21.10.2016 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега