Детали за сообраќајката на патот Маврово-Дебар: Превртените камиони го блокираат сообраќајот

Две товарни возила, камиони со приколка, попладнево се судриле на регионалниот пат Маврово-Дебар кај местото викано Манастирски ливади во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски за Курир истакна дека во несреќата учествувале камион ДАФ со бугарски национални ознаки и камион МАН со српски таблички. За среќа во сообраќајката нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета.

Јосифоски додава дека полицискиот увид е во тек, а бидејќи коловозот е зафатен од камионите сообраќајот е целосно во прекин.

 
 
19.10.2016 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега