ВИДЕО: Излегла да испуши цигара се срушила терасата и загинала
30 годишната Џенифер Розоф трагично загина на првиот состанок со нејзиниот врсник, Стивен Клоус, откако паднала од 17. спрат од зграда во Њујорк.
Розоф, пренесуваат медиумите, излегла на терасата од нејзиниот стан за да испуши цигара, кога оградата попуштила и таа паднала на металната конструкција на вториот кат. Џенифер починала на лице место.
Како што пренесува CNN, компанијата „Stonehenge managment LLC", која била задолжена за зградата во која живеела Џенифер изразила жалење за трагедијата. Оттаму најавиле дека потполно ќе соработуваат со надлежните органи кои ќе ја утврдуваат причината за ужасната несреќа. Њујоршкото Одделение за згради наредило да се испразнат сите тераси во зградата.