Завршена изградбата на втората највисока кула во светот

 

Денешка свечено беше одбележана завршувањето на изградбата на втората највисока кула во светот која се наоѓа во шангајскиот бизнис кварт Пудун. Таа е висока 632 метри, а од нејзе повисок е само облакодерот „Бурџ Халифа“ кој се наоѓа во Дубаи и е висок 829,8 метри. 

По завршувањето на изградбата на највисоката кула во Кина, во следните месеци ќе се работи на нејзино внатрешно уредување, по што таа официјално ќе биде пуштена во употреба по една година.

Кулата е проект на американсаката арехитектонска компанија „Генслер“. 

најчитано сега