Изградена нова пешачка патека и тротоар во Хиподром
Општина Гази Баба изгради пешачка патека со павер елементи помеѓу зградите до влезот на зграда бр.111 од десната страна на улица „Никола Киров Мајски“, која води кон улицата „Благоја Стефковски“ и тротоар со павер елементи во населбата Хиподром.
Пешачката патеката е со должина од 60 метри и со ширина од 1,20 метри а тротоарот е со должина од 140 метри и со ширина од околу 1,20 метри.
Од Буџетот на општина Гази Баба за пешачката патека се издвоени околу 123,000.00 денари, а за тротоарот 171,000.00 денари.
Фирмата која ги изведуваше работите е ЈУ-Бај2 од Скопје.
04.10.2016 - 19:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа