Премиерот во јануари не си каснал кајсии и праски
„Еве јас во месец јануари дел од овие производи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии, праски. Не испив 250 грама лименка нескафе, не пушам цигари, а таму се и цигари. Малку е нелогично во минимална кошничка да имате цигари кои се содржани во методологијата“, ијзави на денешната прес-конференција Христијан Мицкоски, премиер.
Премиерот Мицкоски смета дека треба да има промена во пресметката на минималната кошница за да биде пореална. Според него, во подготовката треба да се вклучат сите засегнати страни и да се земат предвид поскромни цени, а не тие во поскапите супермаркети. Мицкоски рече дека некои производи во сегашната кошница му се чудни и истакна дека не е логично да има и цигари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа