Весна Петрушевска: Васил ќе одлежи казна и пак ќе биде бандит, а Фросина веќе ја нема
Тоа што и се случи на Фросина не е инцидент, ова е повторување на дело без никакви последици за оној кој убива. Тој "оној" е слика на врсничкито насилство, дилер на амфитамини кој бил пуштен од системот,напуштен одамна од грижата на родителите, бесрамник и збеснат. Ова го напиша македонската актерка Весна Петрушевска на Фејсбук по смртта на младата Фросина, која ја потресе цела Македонија.
- Замислете на пешачки премин уредно врви Фросина која имала голем сон, да биде уметник, моден дизајнер, да остави трага во својот живот. Наспроти ова чудовиште кое летало по Партизанска и јас сум сигурна дека не му било сефте. Фросина е наша грешка, ние кои треба да се бориме жестоко и да бараме одговорност. Јас изодев трнлив и мачен пат,уште го одам, но кога зборувам гласно за насилство мислам на ваквите како Васил(има име и презиме и слики најверојатно). Насилникот се создава,пред него се правеле наудрени,замижувале....Тој ќе отслужи казна и пак ќе биде полусвет и бандит. Фросина нема да биде дел од светот кој го сонувала. Таа нема да се насмее повеќе, ниту да се бори против неправдите.Фросина е нашиот завет! Слава ти и почивај во мир, напиша Петрушевска која е само дел од јавните личности кои напишаа трогателни пораки за младата девојка од Неготино.
За потсетување, Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
04.02.2025 - 10:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа