Мицкоски: Владата отворена за зголемување на минималната плата, но не и за незаконски решенија
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ниту отфрлила ниту прифатила некаков предлог на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет. Вели дека само била отворена дебата затоа што на Синдикатот како еден од партнерите, му била истечена репрезентативоста и не можело да се носат одлуки. Владиноот тим повторил дека ќе прифати зголемување на минималната плата кое што ќе го договорат синдикатите и работодавачите. Од една од коморите имало предлог минималната плата да биде 31.500 денари, а да се плаќаат придонеси на сегашната минимална плата, што според него е неприменливо и незаконско.
- Сакам да демантирам дека што било било отфрлено од Владата или прифатено. На вчерашниот состанок констатиравме дека еден од партнерите не може да ги претставува интересите на таа страна бидејќи е истечена репрезентативноста на Синдикатот и Владата формира Комисија која треба да утврди репрезентативноста на синдикатите. Тоа значи дека ако еден не е на масата тогаш не се гласа и не се носат заклучоци. Од еден од партнерите беше даден предлог за минимална плата која потекнува од една од коморите, не би сакал сега да именувам која како.., а во која се вели минималната плата да биде 31.500 денари, а да се плаќаат придоенсите на сегашата минимална плата. Тоа, да, од мене беше одбиено од проста причина бидејќи не е во согласнот со закон и не е возможно да се имплементира, рече Мицкосоки.
Посочи дека политиките на Владата се граѓаните да добијат подобро здравство, за што во Буџетот се предвидени 100 милиони евра повеќе и да имаат солидна пензија, а за што ќе има ново линеарно покачување од март.
Оцени дека „таа логика на плаќање со трикови на придонеси, а поголема минимална плата, ќе донесе тотална дисторзија во системот и нешто што е спротиво на законот“.
- Секој има загарантирано право на пензија и на овој начин тоа се онеспособува. За се останато ставот на Владата беше, еве ги синдикатите еве ги работодаачите, тоа што ќе се договорите ние ќе го поддржиме. Затоа што ако се усогласат за поголема минимала плата од оваа којашто е сега согласно закон и методологија тоа ќе значи повеќе приливи во Буџетот. Затоа не сакаме да бидеме погрешно сватени дека сакаме повеќе приливи и велиме - дечки договорете се ние ќе прифатиме, рече Мицкоски.
Во коментар за најавениот нов бојкот на маркетите поради високите цени и најавените казни, рече дека очекува многу скоро резултати од констатираното на терен и извештај од надлежните институции.
- Кажав дека имам разбирање за граѓаните и тоа не треба да е нешто што изненадува, но исто така и дека сум убеден дека ќе се најде заеднички јазик меѓу трговците, производителите, дистрибутерите, коешто решение ќе биде во насока на зачувување на стандардот на граѓаните, рече Мицкоски, на прес-конференција во Владата за нов повик за финансирање проекти на општините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа