Њујорк: Пронајден дел од авионите кои удрија во Кулите близначки
Дел од двата авиона кои удрија во кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година, е пронајден во средата помеѓу зграда и џамија во Њујорк.
Портпаролот на полицијата во Њујорк, Пол Браун, изјави дека на пронајдениот дел има идентификациски број на авионот, но не ја прецизира големината на остатокот од авионот.
Инаку, на 11 септември 2001 година два авиони удрија во Кулите близначки, при што загинаа повеќе од 3.000 луѓе, а кулите по ударот брзо се урнаа.