Заврши Вино-Скоп: Рекордна посетеност на Куку-Леле - сите пееја во еденглас
Синоќа заврши и десеттиот јубилеен Вино-Скоп во нашиот главен град. Истиот траеше од 28. октомври до 2. ноември, а се одржа на плоштадот Мајка Тереза.
Овој пат организаторите се потрудија тој да изгледа и да помине во најдобар ред, а особено акцент ставија на музичкиот дел каде во тие четири вечери имаше музика за сечиј вкус.
На сцената го видовме легендарниот Мики Јовановски – Џафер, Јаков Дренковски, Владо Јаневски и уште неколку други.
Најпосетен беше настапот во саботата кога на сцената настапи познатото дуо „Куку Леле“. Се претпоставува дека во саботата на нивниот настап имало околу 12.000 посетители.
– Публиката нам ни пееше повеќе, отколку ние на нив – накусо изјави Роберт Саздов.
Инаку настапот на „Куку Леле“ се снимаше со повеке камери и по се изгледа од истиот материјал ќе се прави видеоспот за „Кучка неверна“, песна со која Роберт и Панки започнаа заедничка кариера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа