Заев ја презентираше програмата: На 11 декември ќе го славиме животот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера имаше свое обраќање на тематскиот конгрес на партијата под мотото "План за Македонија". На конгресот вчера беше претставена новата програма на СДСМ за претстојните избори.

- Битката што ја водиме е преголема и преважна да ја водиме самите. Пораката што сакам да ја испратам е дека секој е важен и потребен. Секој има идеја и секому подаваме рака. Таа не е дело на луѓе кои се затвориле во канцеларија и твореле, туку е на сите, истакна Заев во своето обраќање синоќа во хотелот Александар Палас.

Потенцираше дека ќе се зголеми минималната плата на 12.000 денари, а планот е таа да достигне 16.000. Најави помош за сите фирми, за земјоделците, подобри услови и активни мерки за вработување.

И заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, вчера во своето обраќање истакна дека ќе градат општество без поделби по било која основа: - Македонија им припаѓа на сите и за сите има место во неа. Сите ги чувствуваме истити проблеми, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци...истакна таа.

На конгресот присуствуваше и се обрати и Ричард Ховит, поранешниот известувач за Македонија.

 
 
03.10.2016 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега