Анџелина го доби старателството над децата, еве што се мораше да прифати Бред за да ги гледа

Нов пресврт во скандалот на годината - Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор, според кој на Анџелина и припадна привремено старателство над нивните 6 деца, а Бред прифати да ги исполни сите барања, за да ги гледа своите деца.

Како што наведува порталот TMZ.com, Џоли до 20 октомври ќе има привремено старателство, а тогаш социјалната служба во Лос Анџелес, повторно ќе го проценува целиот случај.

Според договорот со Анџелина, Бред ќе може да ги гледа децата повремено, но само во присуство на семејниот терапевт и на Џоли.

Исто така, Пит се согласил на тестови за дрога и алкохол, како и прво сам, а потоа со целото семејствно да одат на „семејно советување“.

Според шпекулациите Анџелина посебно инсистирала на тестовите за дрога, затоа што е загрижена поради неговата преголема конзумација на марихуана.

 

 

 
 
01.10.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега