Родено првото бебе од тројца родители (ФОТО)

Петмесечниот Абрахам Хасан има ДНК на своите мајка и татко, но мал дел од својот генетски код го добил од донор.

bebe

Ова е огромен скок во науката, со оглед на тоа што новороденчето е првиот успешен пример на техника на вештачко оплодување во кое учествуваат тројца родители.

Петмесечниот Хасан има ДНК на своите двајца родители на и мал ден гени кој ги добил од донор. Американските лекари направиле до сега невиден потег се со цел бебето да се роди без наследни генетски неправилности кои ги има неговата мајка.

bebe1

Експертите велат дека ова е нова ера во медицината, во која се пројавува можност децата да избегнат да наследат ретки генетски болести на нивните родители.

Имено неговата мајка имала Леигов синдром, смртоносно пореметување кое го напаѓа нервниот систем.

Иако мајката нема манифестација на болеста, две нејзини деца до сега починале поради наследување на оваа болест, од неа.

 
 
27.09.2016 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега