Усмртени четворица Авганистанци по грешка на хеликоптер на НАТО
Четворица авганистански војници во источниот дел од државата беа усмртени по грешка на хеликоптер на НАТО. Имено според тамошните информации кои ги пренесе авганистанскиот портпарол хеликоптерот на Алијансата бил повикан за поддршка при напад врз контролен пункт во округот Бати Кот, во провинцијата Нангархар.
Портпарол на НАТО изјави дека трагичниот инцидент се случил синоќа и оти се врши истрага.