Искреноста не е секогаш најдобрата политика: Ова не му го кажувајте на шефот

Иако во некои животни ситуации искреноста е најдобрата „животна политика“, во однос на шефот треба да бидете внимателни бидејќи понекогаш и најмалите нешта можат да ја насочат вашата кариера во друга насока.

Клучот на квалитетниот однос со шефот е да се балансира, односно подобро да размислите што смеете, а што не смеете да му кажете.

Ова се работи кои не е добро да му ги кажете на вашиот шеф:

Неможам – платени сте за да можете да ја извршите работата.

Ќе се обидам – иако звучи како задоволителен одговор, сепак претставува несигурност.

Направив најдобро што можам – ова никако не е најпаметниот изговор, сигурно не сте се потрудиле доволно.

Тоа не спаѓа во мојот опис на работа – не си го нарушувајте угледот одбивајќи да сработите нешто, покажете иницијатива дека можете се да сработите.

Незнам – помудро е да премолчите отколку да кажете незнам, кажете дека ќе го пронајдете одговорот за тоа.

Ќе заминам – никогаш не се заканувајте, тоа е непрофесионално.

На моето претходно работно место поинаку работевме – тоа е завршена приказна, сега сте во нова организација каде се работи на поинаков начин.

Не сум крив јас туку тој/таа – никогаш не кажувајте кој е крив, не вперувајте прст во никого.

Вашиот претходник беше подобар – минатото е минато, не го кажувајте тоа, си создавате непријатели во сегашноста.

Досадно ми е – сепак сте платени да бидете продуктивни, не да се досадувате.

 
 
27.09.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега