Возењето велосипед е добро за здравјето, но катастрофално за еден орган од вашето тело

Иако секоја физичка активност е одлична за здравјето и изгледот, сепак возењето велосипед може многу лошо да влијае на вашиот сексуален живот.
 
Резултатите од неодамнешното истражување објавено во списанието “The Journal of Sexual Medicine” покажуваат дека премногу време поминато на велосипед може да ја направи вашата вагина помалку сензитивна или да го ослабне вашето сексуално искуство.
 
Во студијата е заклучено дека доколку воланот е понизок од седиштето, тоа доведува до поголем притисок на половиот орган, а тоа е уште повеќе доведува до губење на  гениталната чувствителност.
 
Меѓутоа, овој проблем не се однесува исклучиво на поубавиот пол, Недостатокот на половата чувствителност може да се појави и кај мажите, а во екстремни случаи дури може да доведе до еректилна дисфункција.
 
 
25.09.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега