ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ВОЛЦИ: Кој победува во вас?

Индијанците се познати како хуман народ кој живее во хармонија со природата и животните. Секоја нивна приказна пренесува силна порака. Ниту оваа не е исклучок, а ќе ве натера да размислите.

Еден постар Индијанец на својот внук му ја раскажал следнава приказна:

- Во луѓето се одвива непрекината борба. Тука секогаш се борат два волци. Еден е лош - тој е стравот, гневот, зависта, каењето, огоченоста, лагите... Другиот е добар - тој е радоста, мирот, љубовта, надежта, добрината, сочувството, великодушноста, вистината... - раскажал старецот.

- Кој волк победува, дедо? - го прашал внукот на крајот.

- Оној кој повеќе го храниш - одговорил стариот Индијанец.

 
 
23.09.2016 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега