Славната двојка конечно направи свадба

Рајан Гослинг (35) и неговата седум години повозрасна девојка Ева Мендес, конечно го кажаа „судбонското да“ на мала и интимна церемонија.

Рајан и Ева се во врска од 2011 година и заедно имаат две ќерки, но никогаш не им се брзаше за брак. Често и тие самите истакнуваа дека во сите овие години веќе се чувствуваат како брачна двојка.

Таблоидите наведуваат дека свеченста се оддржала во кругот на блиските пријатели и членовите на семејствата, а други детали засега не и се познати во јавноста. Сепак, веста се уште официјално не потврдена од страна на двојката Мендес-Гослинг.

Актерите се запознаа на сетот во филмот „The Place Beyond The Pines“, а секогаш строго ја чуваат нивната интима. Така веста за првата бременост на Ева беше обелоденета кога таа беше во седмиот месец од бременоста, а ќерката Есмералда на свет стигна во септември 2014 година.

 
 
23.09.2016 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа