Тања со својата тажна приказна го расплака Балканот - до вчера спиеше на улица, а денеска никаде ја нема - полицијата трага по неа

Зад сцената која го потресе целиот Балкан, на која се гледа девојче како спие покриено со ќебе на улица, се крие уште потажна приказна.

Тања има 6 години и останала без мајка, поради што морала да спие на улица. Новинарите, полицијата и социјалните работници се обидуваат да ја најдат и да и пружат неопходна нега.

Меѓутоа откако оваа фотографија предизвика вознемиреност на Балканот, девејчето исчезна. На местото каде што спиеше остана само нејзиното ќебе, иако изгледа тоа и беше се што имаше.

samo-kebeto

Работниците од блиските локали велат дека ја гледале речиси секоја вечер како спие на истото место. Одредени медиуми пренесоа дека таа има слеп татко кој не е во можност да се грижи за неа, па е препуштена на улица.
 
 
22.09.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа