Ивица и Марица навистина постоеле - приказната во реалноста е уште пострашна!

Ивица и Марица навистина постоеле, но во реалноста приказната е уште пострашна. Браќата Грим кои ни ја донесоа оваа приказна, за прв пат ја објавија во 1812 година, но нејзиното потекло е многу постаро. 

За приказната да биде уште понеобична, верувајте книгата е далеку од оригиналот. 

Жената вештерка која јаде деца постоела и се викала Катарина Шредеринг, и не била вештерка! Родена е 1618 година, на северот на Германија, и била позната пекарка. Специјалитет и биле колачиња во разни бои поради кои децата ја обожавале. На крајот таа ги продавала на пазар. Таму го запознала Ханс Метзлер, или Ивица, локален пекар кој лудо се вљубил во неа. Според друга приказна, тој само сакал да и го украде тајниот рецепт и затоа и се додворувал. Таа морала да избега и да си го понесе бизнисот со себе.

Бесен од тоа што таа го одбила, Ханс ја обвинит Катарина дека е вештерка, но бидејќи не биле најдени докази, била пуштена на слобода. По тоа, Ханс и неговата сестра упаднале во куќата на Катарина, ја убиле и ја запалиле. 

Потоа биле уапсени, а приказната добила сосема друг пресврт со книгата на браќата Грим. Убиецот станал невино дете, а пекарката која била жртва, злобна вештерка низ страниците на книгата.

 
 
22.09.2016 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа