Димовски до Јанева: Колку точно разговори има СЈО?

Катица Јанева со своето присуство го повлече тоа дека не го признава Собранието. Таа не е прв обвинител кој во Собранието презентира извештај, секоја година обвинители презентираат извештаи, изјави пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Димовски ја запраша Јанева како се одвива процесот за ангажирање експерти, дали и какви критериуми се користат за избор и дали има јавни огласи.

-Извештајот кој го поднесе мора да содржи описи на сите постапки кои се водат во СЈО, рече Димовски и праша за изјавата на Зоран Заев кога кажа дека е најприслушкуван.

Ако е така, рече Димовски, значи најголем број разговори се на Заев и македонската јавност смета дека СЈО заштитува една политичка партија.

-Како е возможно да има постапка против Талевски а да нема против Заев. Дали дозволивте јавноста да мисли дека сте пристрасни, бидејќи Струмица потрошила 3 пати повеќе средства од битола. Дали планирате граѓаните на Македонија да ги ставите на иста позиција ако знаеме дека градочалниците имаат исти обврски и еднакви обврски како граѓани на оваа држава. Поседување на незаконски стекнати разговори е кривично дело. Имаше една недела дискусија за тоа што е она што сте го добиле од Заев. Со 520.000 разговори во СЈО, Заев тврдеше дека има милион и 60 ијади доставено до СЈО, рече Димовски.

Димовски повторно праша колку точно разговори има СЈО и ако не се сите дали ги ги побарале да им се достават.

 
 
21.09.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега