Лидија Димова ги навреди најдобрите студенти - тие за пратеничката на СДСМ се молци

Пратеничката на СДСМ Лидија Димова преку собраниската говорница упати навреди кон најдобрите студенти и ги нарече молци.

На денешата седница на Собранието на Република Македонија на која што се дебатира за Предлог законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија,  кој предвидува да се вработат најдобите студенти по завршувањето на студиите, пратеничката на СДСМ Лидија Димова упати навреди кон студентите и ги нарече книшки молци.

– Ние зборуваме за некаков развој во државата значи во она што треба најмногу да вложуваме од каде што треба да ги негуваме и им дадеме концепти ние ке ги ставиме да седат во фотељи и да бидат книшки молци, истака пратеничката Димова.

Пратеници на СДСМ отворено застанаа против овој проект кој беше поздравен од младите и со кој на најдобрите студенти ќе им се овозможи сигурно вработување по завршување на студиите.

 
 
20.09.2016 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега