Девојката која не се депилира: Никогаш не сум се чуствувала посекси (ВИДЕО)

 

Палома Гони е новинарка од Шпанија која се одлучила да спроведе еден необичен експеримент. Таа престанала да се депилира и сега се шета со влакна по целото тело. Новинарката вели дека никогаш во животот не се чуствувала попривлечно од сега.

Прво со својот мал експеримент започнала на зима, кога не и било потребно да си ги депилира нозете бидејќи и онака никој не гледа дали има влакна на нозете или не во долги панталони, а потоа сфатила дека само залудно си го троши времето на депилирање, а воедно и трпи болка, па престанала да ги отстранува влакната насекаде. Сега таа има влакна на нозете, рацете, под пазувите, но се чуствува секси.

Палома вели дека никогаш не и било јасно зошто баш жените треба да прават се за убавина и да трпат болка. 

- Бидејќи е невозможно да пронајдеш фотографија на жена со неиздепилирани нозе, се решив јас да објавам своја фотографија. Ме нервира тоа што немам избор, што луѓето чудно гледаат во мене на улица, додава Палома.

најчитано сега